Најдобро од сè е што овој оброк е корисен за целото тело.
Губитокот на килограмите на здрав начин, а со помош на диета, обично подразбира значително откажување, како и задолжително гладување.
Сепак, во морето на диети, по тони прочитани брзи, ветувачки и од оние наједноставните, на крајот, бројот на оние кои се продуктивни се сведени на минимум.
Зошто оваа диета е една од нив, многу е едноставно: тајната е во состојките што ја активираат работата на метаболизмот, како и во фактот дека тоа е првиот оброк во текот на денот.
Покрај здравото намалување на килограмите, не постојат „неверојатни“ резултати како кога ќе загубите десет килограми за пет дена, има и некои други придобивки од комбинирањето на овие состојки од кои се подготвува појадокот.
Безусловно го решава проблемот со мрзливите црева и запекот, ги согорува мастите и ја нормализира тежината.
По еден месец од конзумирањето на оваа мешавина, лесно ќе изгубите 3 до 5 килограми прекумерна тежина.
Тенот, косата и ноктите стануваат здрави и убави, а стомакот полека ќе се израмни.
За да го подготвите овој појадок ќе ви требаат:
300 ml кефир (или безмасен јогурт)
2 лажици овесни снегулки
1 лажичка мелено ленено семе
1 лажичка какао во прав
5-7 суви сливи
Подготовка:
Појадокот се подготвува во вечерните часови за следниот ден.
Сувите сливи прелејте ги со малку вода што врие (100 ml). Покријте и оставете 5-10 минути.
За ова време ставете во чинија овес, лен и какао. Додадете кефир и добро измешајте се заедно.
Ситно исецкајте ги набабрените сливи (може да користите блендер додека не добиете „пире“ или супер сецко) и додадете ја на претходната мешавина.
Добро измешајте и оставете го садот во фрижидер.
Наутро извадете го и уживајте во здравиот и вкусен појадок.
Резултатите наскоро ќе бидат видливи.