Motherhood

Секој четврти тинејџер е несреќен

Мотивацијата и депресијата се проблем за голем број тинејџери, според ново истражување.

Резултатите од истражувањето спроведено од британски научници велат дека од вкупно 8.000 тинејџери, 27% изјавиле дека често се депресивни и се вели дека тоа најчесто се должи на притисокот во училиштето, притисокот од врсниците и прекумерните семејни очекувања.

Врз задоволството, исто така, влијаат промените во сопствениот изглед.

Седум од десет испитаници изјавиле дека ќе се чувствуваат добро ако изгледаат добро.

Водечките психијатри велат дека е потребна поголема поддршка и нежност од родителите за да се реши проблемот на тажните адолесценти, бидејќи на секој несреќен тинејџер не му е потребна психијатриска помош, иако во некои случаи тоа е неопходно.

Тие, исто така, наведуваат дека е важно да се детектира депресијата, наместо да се игнорира, и мора да се стремиме да се реши.

Напиши коментар