Анџелина Џоли најави нов проект – „Сите оние кои ја сакаат мојата смрт“!
Оскаровката Анџелина Џоли снима нов филм, иако претходно најавувала дека нема да се појави пред камерата по “Maleficent 2”.
Тоа е филмот од книгата „Сите оние кои сакаат мојата смрт“ од Мајкл Корите.
Во книгата, еден тинејџер е сведок на брутално убиство и го праќаат во програма за заштита на сведоци, сместен во камп за преживување во тешки услови.
Сè уште не е познато која улога ќе ја толкува оскаровката, која претходно изјави дека сака да се посвети на режијата.
Снимањето на филмот започнува во мај, а премиерата треба да биде следната година, кога вториот дел од филмот “Maleficent” ќе пристигне во кината.
