Мода

Шармантен моден тренд – необични puf ракави

Појавата на puf ракави во зголемен број во street style комбинации, кај девојките со стил, е јасен знак дека поубавите, пролетни денови, се се поблиску!

Веќе неколку сезони наназад, блузите со романтични, puf ракави, се неизбежно модно парче во нашиот гардеробер. Ништо поинаква не е и оваа сезона, всушност, овој тренд, се чини, дека ќе биде еден од водечките трендови.

Оваа сезона, има се повеќе блузи, фустани, па дури и џемпери, кои ги красат преголемите ракавите, кои дури и на наједноставниот outfit му даваат доза на chic.

Овие винтиџ парчиња, особено им се допаѓаат на жените, бидејќи даваат женствен, романтичен изглед.

Кога станува збор за puf ракави, во зависност од тоа кое модно парче ќе го изберете, можете да постигнете ефикасен look, од оној секојдневниот, па се до екстравагантниот.

Напиши коментар