Американскиот актер Арнолд Шварценегер беше нападнат за време на јавен настан во Јоханесбург.
Во видеото објавено од медиумите на еNCA, Шварценегер (71), стои и ги снима децата на спортски настан во Јоханесбург, кога еден човек го удира во грбот.
Актерот падна и обезбедувањето брзо го фати напаѓачот.
Набргу потоа, актерот се насмеа и се ракуваше со посетителите за потоа да ја напушти локацијата проследен со обезбедување.
„Ви благодарам на грижата, но нема причина за неа, мислев дека толпата ме повлече, што често се случува. Сфатив дека ме удриа дури кога го видов видеото. Мило ми е што идиотот не го прекина мојот Snapchat“, напиша Шварценегер на Твитер.