Motherhood

Што да се купи на подарок за дете од 12 месеци

Подарок за бебе од една година за многумина претставува кошмар. Време е да дознаете што сакаат бебињата на таа возраст, а да не е скапо.

Често сме во дилема околу купувањето на подароци, а најмногу од сè не „мачи“ што да им купиме на децата. Децата брзо ги менуваат своите интереси, во согласност со развојот, а најтешко им е на оние кои сѐ уште не станале родители.

Во суштина најлесно е да купите гардероба, бидејќи овде не можете да направите грешка, но – тоа не му значи многу на детето.

Затоа, ако сакате на вашиот подарок детето да се сеќава и да го користи, а да не биде премногу скап, еве неколку играчки кои сигурно ќе го воодушеват бебето.

  • Меки коцки со кутија со отвор

Меки коцки со кутија која има отвор ќе го привлече детето одново и одново. Децата од 12 месеци па натаму, едноставно ги откриваат формите, сакаат предметот пред нив да „исчезне“ и да го бараат. Има многу такви играчки на нашиот пазар, а нивната цена не е толку висока.

  • Книга со тврди листови, со животни / книга што ги имитира звуците на животните

Детето ќе ужива кога ќе го впери прстот кон животното што го гледа во книгата, а вие ќе го имитирате звукот. Одлична игра која ќе ве приближи до детето, но исто така и детето со книгата.

  • Играчки на навивање

Играчки кои ќе ги навиете, а потоа тие се движат по подот се вистински извор на забава!

  • Балони

Верувале или не – но балоните воопшто не се лоша идеја за подарок. Кога ќе ги надувате, детето ќе си игра со нив, воодушевено, бидејќи може да лебди над вашата глава.

  • Сет за правење на балони од сапуница

Каква возбуда. Оваа подарок е неверојатен извор на забава. Децата ќе уживаат во фаќање на меурчињата, а кога ќе ги пукнат и ќе исчезнат пред нивните очи, ќе следи вистинско изненадување.

Напиши коментар