← НАЗАД НА БОЗА

Што пoјадуваат витките луѓе: 3 совршени намирници за појадок

Што пoјадуваат витките луѓе: 3 совршени намирници за појадок
52 Читања

Луѓето кои се обидуваат да изгубат телесна тежина или да одржуваат здрава тежина јадат оброци со ограничена количина на намирници.

Ваквата исхрана е тешка за одржување на долг период, и затоа повторно се поправаат.

Од друга страна, луѓето кои одржуваат здрава тежина без да се откажат од намирниците, се неисцрпен извор на информации за професионалците.

VTI Technical Reaserch Centre од Финска ги проучувал прехранбените навики на 147 здрави лица со здрава тежина во текот на четири месеци.

Истражувачите предводени од д-р. Anа-Lenа Vuorinen открија дека здравите луѓе за појадок обично јадат три вида на намирници.

Овошјето беше најпопуларниот избор за 51 процент од испитаниците, млечните производи беа 41 проценти, додека потрошувачката на овесни снегулки или мусли со ладно млеко беше избрана од 33 проценти од луѓето.

Иако лебот и пекарските производи се сметаат за извор на непотребни калории, дури 32 проценти од испитаниците го започнуваат денот со овој вид на храна.

Најинтересно е дека само 26 проценти од испитаниците признале дека пијат кафе за време на појадокот, додека останатите (74 проценти) одат на работа и ги извршуваат своите обврски без кофеинска помош.

„Наместо ограничување во исхрана и избегнување на омилената храна, дебелината може да се спречи ако човекот учи да ги слуша потребите на сопственото тело, а предноста му ја даде на квалитетниот, не квантитетниот оброк“, ги објасни резултатите од истражувањата Ana-Lena Vuorinen.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk