← НАЗАД НА БОЗА

Што се случува кога ќе испиеме сода бикарбона и кафе: еве како телото реагира на овој чудесен пијалок

Што се случува кога ќе испиеме сода бикарбона и кафе: еве како телото реагира на овој чудесен пијалок
259 Читања

Ве мачи киселина во желудникот по само една чаша кафе? За овој пијалок велат дека ја убива киселината …

Дали вие би ја испиле оваа мешавина?

Некои видови на кафе имаат повисока концентрација на киселина која може да го наруши чувствителниот стомак, особено ако дневно консумирате повеќе од една чаша од овој пијалок.

За да се неутрализира киселоста и да се олесни варењето, можете да го користите волшебниот бел прашок – сода бикарбона!

Сода бикарбона или натриум бикарбонат е одличен природен сојузник во неутрализирање на киселината во телото, до што може да дојде поради прекумерно консумирање на слатка и мрсна храна. Има антиалергиски, анти-воспалителни и антифунгални својства.

Прстофат на сода бикарбона во кафе (или 1/8 лажичка на еден литар од омилениот пијалок) на Запад е еден вид на лек за неутрализирање на киселината. Оние кои се обиделе велат дека во таквото кафе, не го чувствуваат вкусот на овој прашок.

Иако комбинација на кафе и сода бикарбона не е позната во нашата земја, експертите велат дека тоа навистина може да ја спречи киселоста во организмот.

Сепак, треба да се запомни дека додавањето на сода бикарбона во кафето може да има некои несакани ефекти врз телото – зголемена појава на гасови, намалување на апсорпцијата на калциум и севкупниот ефект врз метаболизмот, предупредува нутриционистот Марија Андријашевиќ.

Можеби не сте знаеле, но најлошите комбинации се всушност кафе и млеко, кои ја зголемуваат киселоста на телото, така што луѓето кои имаат чувствителен стомак треба да избегнат пиење на кафе на овој начин.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk