
Уште една неочекувана соработка во светот на убавината.
Кога мислевме дека видовме сè, се појави несекојдневна соработка помеѓу спортскиот бренд Puma и beauty гигантот Maybelline!
Ова е ограничена колекција која ќе се пушти во продажба во февруари оваа година, а всушност станува збор за колекција за шминка прилагодена на активниот спортски начин на живот.
Колекцијата се состои од кармини во неодоливи нијанси со боја на кожата, виолетова, розева и портокалова, а тука се и брилијантните металик сенки за очи, како и highlighter.
Иако оваа соработка не изненади и тешко е да се замисли дека некој ќе ги носи овие производи во теретана, секако едвај чекаме да ги испробаме.