Следбениците на Instagram, ја нападнаа со грди коментари ѕвездата на реалното шоу.
Клои Кардашијан (34), беше цел на критики од страна на следачите на Instagram поради selfie фотографијата која ја објави.
Иако во описот на сликата таа ги замолила луѓето да имаат „само позитивни вибрации“, нејзината желба не беше исполнета и беше преплавена од негативни коментари за нејзиниот изглед.
Многумина сметаат дека Клои се „уништила“ со пластичните операции и дека повеќе не личи на себе.
Најголемо внимание беше привлечено од нејзините испакнати усни за кои што се коментираше дека претерала со филери, а има и забелешки дека толку го затегнала лицето така што нејзините очи се поместиле настрана(?!).
„Wow, сега навистина претеравте. Но секако верувајте во што сакате. На мене ми е сеедно и ви ја испраќам сета љубов“, одговори Клои на овој еден коментар.
Дали ви изгледа дека убавицата од реалното шоу се „уништила“?