Венчавката е еден од најважните денови што треба да се организира многу добро.
Имено, пред самиот ден потребно е да се направи план на делување кој треба да ги содржи сите важни детали, како што се изборот на ресторан, слаткарница, цвеќарница, фотограф, венчаница, костум и многу други работи.
Сепак, по венчавката, потребно е да се соберат впечатоците и да се соберат трошоците што се насобраа.
Тука секако е неопходно да се вброи и венчаницата што невестата одлучила да ја купи, наместо да ја позајми.
Бидејќи најчесто станува збор за традиционални модели за кои е повеќе од очигледно дека се венчаници, многу млади дами се размислуваат што потоа со овој прекрасен фустан.
За сите кои размислуваат дали да купат или да позајмат венчаница, има неколку корисни совети кои можат да им помогнат во одлуката.
Почитуваните дами кои ќе се одлучат за купување, најдобро би било да се однесе венчаницата на хемиско чистење веднаш по свадбата.
Подарете ја
Фустанот можете да го подарите на ваша блиска пријателка, или можеби на некој од вашето семејство. Можете, исто така, да ја донирате во добротворни цели. Не само што ќе направите добро дело, туку ќе се чувствувате подобро затоа што му помогнавте на некој со овој чин.
Променете го кројот
Едно од најпопуларните решенија е, секако, одлуката за промена на кројот и дизајнирање на фустан кој можете да го носите на други свечени пригоди. Исто така можете да го користите остатокот од фустанот за да направите фустан за вашата ќеркичка. Можеби за нејзиниот прв роденден.
Направи рамка и кутија за накит
Доволна е само малку имагинација, а пред сè креативност, за вашиот фустан да стане дел од вашиот секојдневен живот и да ве потсетува секогаш на еден од најубавите денови во годината. Тука, пред сè, се подразбира изработка на кутија за накит од остатокот од фустанот, или можеби рамка за слика.