← НАЗАД НА БОЗА

Што треба да јадете ако се борите со уринарна инфекција?

Што треба да јадете ако се борите со уринарна инфекција?
188 Читања

Најверојатно сте забележале дека се повеќе и повеќе жени водат дневна битка со уринарните инфекции.

Една од причините за оваа инфекција е, секако, несоодветна диета.

Додека ја дигестираме храната што ја јадеме, нашето тело произведува молекули кои влијаат на растот на бактериите во многу органски системи, па  така и во уринарниот тракт.

Затоа лекарите често пропишуваат специјална диета за луѓето кои имаат инфекции на уринарниот тракт.

Бидејќи има храна која му штети на нашиот организам и води кон уринарни инфекции, постојат и оние кои ни помагаат да се справиме со нив на здрав начин.

Таквата храна се нарекува полифеноли, силни антиоксиданти, кои за време на варењето се трансформираат во молекули кои го спречуваат ширењето на бактериите во урината.

Храна со висок процент на полифеноли е:

  • Свежи боровинки
  • Чај од брусница
  • Јогурт
  • Црн чај
  • Црно чоколадо

Ако имате ваков проблем, треба да избегнувате газирани пијалоци и храна со голема количина на животински протеини, бидејќи тие ја намалуваат pH вредноста на урината и на тој начин помагаат во побрз развој на бактериите.

Пожелен е внес на витаминот Ц, како од цитрус, така и од зеленчук, како што се брокулата или прокељот.

Витаминот А игра важна улога во борбата против уринарната инфекција, па додадете ги морковите, по можност свежи, и цвеклото во вашата исхрана.

За успешно спречување на ширењето на бактериите, дневно изедете чешне лук, кој е еден од најсилните природни антибиотици.

Благодарение на неговите антибактериски својства, овој прехранбен производ ја наоѓа својата примена во борбата против многу инфекции.

Се разбира, оваа збогатена исхрана ќе ви помогне да го запрете понатамошното ширење на бактериите во урината, но за да го решите проблемот во целост, неопходно е да се консултирате со доктор.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk