Убавина

Што велите за мини машина за перење за вашите beauty блендери?

Уште еден во низата на збунувачки beauty новитети.

Во изминатите неколку години индустријата за убавина претрпе огромен бум, а количеството на beauty новитети што се појавуваат секој ден стана речиси нереално, но новитет кој особено го привлече нашето внимание не е ниту четка за шминкање со бисери, ниту популарното „вампирско затегнување на лицето“ кое го сподели Ким Кардашијан, туку машината за перење на минијатурни блендери!

Овој необичен уред беше популаризиран од beauty блогерката, Тифани Линет Дејвис, која на својот профил на Instagram објави видео од перењето на beauty блендерите во мини машина за перење, а видеото наскоро стана вирално.

Тифани откри дека станува збор за играчка што може да се купи на Амазон по цена од 600 денари.

View this post on Instagram

FULL REVIEW LINK IN BIO

A post shared by Tiffany Lynette Davis (@tiffanylynettedavis) on

Напиши коментар