Бланкет Џексон буквално занеме кога излезе скандалозниот документарец за непријатните тенденции на неговиот починат татко.
Како резултат на документарниот филм “Leaving Neverland”, во кој се изнесени сериозни обвинувања против Мајкл Џексон, кој, наводно, сексуално злоупотребувал малолетни лица, се крена прашина, а јавноста се појави со нови информации за животот на починатиот крал на поп-музиката.
Потоа, на најмладиот син на Џексон, Бланкет Џексон, тешко му падна скандалот со обвиненијата за сексуална злоупотреба на малолетници за кои неговиот татко беше обвинет.
„Тој секогаш беше најгласното момче во училницата, што сега веќе не е случај. Тој се повлече, се чувствува лошо, па дури и престана да зборува. Јас сум загрижен за неговото здравје, уништен е од се што се зборува за Мајкл“, призна внук на пејачот во шоуто на презентерката Викторија Дербишајер.
Грижата за состојбата на Бланкет ја изрази и неговиот кум, Марк Лестер, добар пријател на починатиот Џексон.
„Сите се обидуваат да го заштитат од надворешниот свет, но тоа е невозможно. Тој само се повлекува во себе и тешко му е поради сè што се случува, а тоа никако не е добар начин да му помогнеме. Се обидуваат да го изолираат Бланкет целосно, а тоа навистина не е во ред“, рече Лестер за британскиот Sun.