← НАЗАД НА БОЗА

Сите сакаат да се отселат таму: Во оваа земја, условите за работа се идеални

Сите сакаат да се отселат таму: Во оваа земја, условите за работа се идеални
90 Читања

Ако сакате да започнете нов живот во странство, Германија е најдобро место за продолжување на вашата кариера, според едно ново истражување.

Меѓународната банка HSBC објави список од најдобрите земји во светот за работа во странство, а Германија е на врвот на листата за „амбициозни глобални патници кои сакаат да ја продолжат кариерата во друга земја“.

Врз основа на истражувањето кое вклучува повеќе од 22.000 меѓународни работници, амбициите за кариера се главната причина што луѓето се преселуваат во странство.

За првпат Германија ги порази своите соседи Швеѓаните.

Не само што 65 проценти од испитаниците сметаат дека тоа е најпродуктивната земја за работа, но 70 проценти сметаат дека рамнотежата помеѓу деловниот и приватниот живот е далеку подобра во Германија.

Поради тоа што некои компании дури им забрануваат на своите вработени да ги читаат електронските пораки во текот на викендот, Германија станува втората најдобра работна култура во светот која е веднаш зад Шведска.

Исто така, 73 проценти од испитаниците сметаат дека нивната работа во Германија е побезбедна, а 77 проценти сметаат дека нивните шанси за заработка се подобри отколку дома.

На трето место беше Британија, која постигна напредок во рамнотежата помеѓу деловниот и приватниот живот и можностите за заработка.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk