Колегата на Алекс Родригез тврди дека Џеј Ло ќе се омажи за неверник.
Алекс Родригез има љубовница!
Овој наслов се најде на голем број американски таблоиди само еден ден откако беше објавено дека Џенифер Лопез се вери. Иако е во врска со една од најатрактивните жени во светот, ако му верувате на пријателот на Родригез, „таа не му е доволна“.
Хозе Кансеко тврди дека Алекс ја изневерува вереничката со неговата поранешна сопруга, Џесика Кансеко.
Поранешниот бејзбол играч го објави своето тврдење на Twitter и рече дека е подготвен да оди на детектор за лаги за да ги потврди тврдењата.
Џеј Ло и вереникот-неверник не се огласија по повод тврдењата.