Влијателните Београѓанки од online сферата, модни уредници на реномираните модни списанија и други претставници на медиумите имаа можност да се запознаат со најновата колекција на Skechers chunky патики – D`Lites 3.0, но исто така и да го изберат својот пар кој оваа пролет ќе го прошетаат низ улиците на градот.
Skechers D`Lites 3,0 патиките, кои веќе ги освоиле модните писти на Њујорк, Берлин и Лондон, ги освоија и балканските девојки, на промоцијата која се одржа на 10 април на „врвот на Белград“, во SkyLounge бар во хотелот Хилтон.
Заштитеното лице на кампањата во Србија е младата инфлуенсерка Јана Дачовиќ.
Skechers D`Lites 3.0 моделите ги комбинираат апсолутниот светски моден тренд и совршената удобност, која што на брендот Skechers отсекогаш му била во центарот на вниманието, бидејќи имаат т.н. air-cooled влошка со мемориска пена.
Chunky Skechers патиките D`Lites 3.0 совршено се комбинираат со различни модни комбинации, па можете да ги носите со фармерки, сако и панталони, долги или кратки здолништа, лелеави пролетни и летни фустани.
Смелост во дизајнот и комбинација на стилови и бои, како и брз и лесен чекор, е главната порака на модниот бренд Skechers за претстојната сезона.