Овој вкусен сладолед од банана и кикирики, се прави многу едноставно и е идеално освежување, за време на жешките летни денови.
Се што ви е потребно е …
- 3 зрели банани
- 2 лажички јаворов сируп
- 3 лажици путер од кикирики
Подготовка:
Излупете ги бананите, исечете ги на тркалца и замрзнете. Следниот ден, ставете ги бананите во блендер и додадете им малку вода. Изблендирајте ги така што ќе добиете структура на пире.
Додадете јаворов сируп и путер од кикирики, повторно измешајте се и вратете ја смесата во замрзнувачот. Кога смесата ќе се стегне, спремна е за сервирање.
Украсете го сладоледот со кикирики и посипете со јаворов сируп.