Мојата кујна

Слатки коцки од три состојки

Нема шанси овој рецепт да не ви успее!

Кога сакате да се засладите набрзина, можете да го спремите овој десерт за десет минути, плус времето кое е потребно за ладење.

Состојки:

400 грама бело чоколадо

250 грама путер од кикирики

Чаша сецкани ореви, лешници, кикирики, бадеми(по желба)

Подготовка:

Ставете го чоколадото на пареа, на средна температура и постојано мешајте, додека не стане мазна смесата. Отстранете ја од оган, потоа додадете путер од кикирики и сецкани ореви(или други јаткасти плодови, по желба).

Измешајте се и истурете во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.

Оставете да се излади додека не се стврдне, а потоа исечете на коцки.

 

Напиши коментар