← НАЗАД НА БОЗА

Со исхрана против егзема кај децата

Со исхрана против егзема кај децата
45 Читања

Одредени видови на храна ја влошуваат егземата кај децата.

Нутриционистите советуваат како исхраната на детето кое страда од егзема треба да изгледа. Егземата и генерално проблемите со кожата кај бебиња и мали деца се јавуваат доста често. Толку често што најверојатно дури и знаете некој чие дете страда од егзема.

Можеби сте забележале дека одредени видови на храна ги влошуваат симптомите што доведува до појава на црвени, воспалени дамки на кожата кои непријатно чешаат…

Нутриционистката Карен Фишер, која и самата има ќерка, која страда од егзема, одлучи да не се потпира само на кортизон креми кои обично само ги олеснуваат и да ги маскираат симптомите, туку да се обиде да го реши проблемот на својата ќерка со исхрана.

Бидејќи промената на исхраната и помогна на нејзината ќерка, Фишер, одлучи да го сподели тоа и со другите родители, со презентирање на „диетата против егзема“.

Децата кои страдаат од егзема не треба да јадат грозје, портокали, киви, домати, авокадо, кајсии, сливи и урми. Покрај тоа, треба да се намали внесот на млечни производи и производите направени од пченично брашно на минимум, како и јајца, ореви, морска храна и преработена храна која содржи адитиви и вештачки бои, пренесува „Дејли мејл“.

Што се однесува до зеленчукот, личностите кои се склони кон егзема треба да ја избегнуваат брокулата.

Ова се, се разбира, општи упатства, но експертите се согласуваат дека најефективниот начин да разберете што му предизвикува проблем на вашето дете е со водење точен дневник на исхрана.

На овој начин ќе можете да ги прилагодите препораките на вашиот лекар за потребите на вашето дете.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk