← НАЗАД НА БОЗА

Со овие 3 совети ќе бидете задоволни по секоја посета на фризерот

Со овие 3 совети ќе бидете задоволни по секоја посета на фризерот
120 Читања

Секој од нас, барем еднаш во животот, се вратил од фризер несреќен и речиси во солзи.

Многу е веројатно дека еден дел од вината дефинитивно му припаѓа на фризерот, но верувајте, за сопственото лошо искуство, делумно сте и вие виновни.

Затоа подготвивме неколку совети за вас, со кои секоја ваша посета на фризерскиот салон ќе заврши со беспрекорна фризура.

Консултирајте се со вашиот фризер

Ако имате свој фризер, тој точно ги знае сите потенцијали на вашата коса и кога ќе дојдете со некоја идеја, прашајте го за мислење.

Можеби на вашиот тип на коса и формата на лицето не би им одговарала таа фризура, па затоа ако фризерот ви кажува, послушајте го, за да не одите дома со очи полни со солзи.

Покажете им што сакате

Најдобар начин да се избегне грешката е да му покажете фотографија на вашиот фризер, каде што јасно ќе се види што сакате од вашата фризура. Така нема да му дадете многу простор за да ве разочара.

Слушајте ги советите на вашиот фризер

Со оглед на тоа што тој ги знае деталите за вашата коса, фризерот може да ви даде многу корисни совети за стилизирање, грижа и обликување на косата.

Ако му верувате доволно кога ќе дојдете на шишање или фарбање, не заборавајте ги неговите совети ни дома, кога самите ја негувате и ја стилизирате косата.

Тие обично ја знаат точната линија на производи кои ќе ги решат сите ваши проблеми, па секогаш земајте ги во предвид сите совети на фризерот.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk