Совршените веѓи нека бидат вистинска декорација на вашиот изглед на денот на венчавка.
Не треба да одите на скапи третмани за тетовирање и исцртување на веѓи за да заблескате на вашата свадба.
Ако веѓите со текот на времето ви се истенчиле, го изгубиле обликот и формата, ќе се воодушевите со ова решение кое доаѓа од природата.
Покрај веѓите, рецептот е исто така ефикасен и за трепките, кои исчезнуваат како резултат на прекумерна употреба на маскара, виткач за трепки и поради неостранување на шминката.
Рецепт за густи веѓи и трепки
Базата на рецептот е рицинусово масло, но поради поуспешен и побрз раст на веѓите и трепките, во него може да додадете некои состојки – чичково или brahmi масло, пантенол и слично.
Во старата маскара (што претходно сте ја измиле) се ставаат и се мешаат овие хранливи состојки. Секоја вечер пред спиење, нанесете ја оваа мешавина на веѓите и трепките.
Рицинусовото, чичковото и брахми маслото содржат хранливи материи кои го стимулираат растот на трепките и веѓите, дури и на најретките места. Пантенолот е исто така одлична состојка која помага да ги обновите веѓите.
Сепак, мора да бидете упорни и по некое време ќе ги видите вистинските резултати.