Мојата кујна

Сочен леб

Доколку го сакате лебот толку многу што сакате да го направите главно јадење, пробајте го овој „конкретен“ ролат, со суво месо, сирење и јајца.

Го препорачуваме особено на пролет (може и за Велигден!), кога можеме да го послужиме со рен и млад кромид.

Состојки за 8 особи

 За тесто:

  • 500 г пченично остро брашно
  • 1 свеж квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 300-330 мл топла вода

За полнење:

  • 100 гр чадена шунка во црево
  • 100 гр исечен сув врат
  • 100 гр изрендан едамер
  • 4 варени јајца

Подготовка

  1. 1. Измешајте го квасецот со шеќерот и малку брашно и вода и оставете го да отстои на топло место 10 минути.
  2. 2. Измешајте го преостанатото брашно со солта, додадете го втасаниот квасецот и остатокот од водата и замесете го тестото. Тестото покријте го и оставете го на топло место 30 минути.
  3. 3. Потоа, премесете го тестото и растегнете го, па наредете го вратот, шунката и кашкавалот. Стави ги јајцата покрај работ и се заедно завиткајте во ролна.
  4. 4.Ставете го лебот во подмачкана тепсија (големина 30 × 11 см) и оставете го да порасне 20 минути. Ставете ја тепсијата во рерната загреана на 180-200°C и печете 60 минути.

 

Сервирање

Послужете го лебот со млад кромид и рен.

Совет

Овој леб мора да се послужи топол.

Напиши коментар