Здраво тело

СОКОВИТЕ МУ ШТЕТАТ НА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ: ЕВЕ што се случува кога ќе претерате со консумирање на слатки пијалоци

Прескокнете ги …

Прераната смрт од кардиоваскуларни болести е најтешкиот исход од честото консумирање на различни газирани пијалоци, како што се кока колата, спортските пијалоци и сокови.

Научното откритие објавено во списанието „Циркулација“ го пренесуваат сите светски медиуми и предупредуваат за зголемен ризик од срцеви заболувања, но исто така и за рак – првенствено на дебелото црево и градите.

Под најголема закана се жените – две третини од оние кои пијат повеќе од две чаши засладени безалкохолни пијалоци на ден, се изложени на ризик од предвремена смрт.

Секој трет маж е загрозен на ист начин. Ризикот од овие болести е значително намален со намалување на шеќерот. На пример, ако само една чаша е заменета со пијалок со вештачки засладувач, ќе му направите услуга на вашето тело.

Сепак, ова не значи дека вештачките засладувачи треба да се користат без мерка. Истражувачите велат дека сите жени постари од 50 години, доколку консумираат повеќе од две чаши засладен безалкохолен пијалок дневно, имаат ризик од срцев и мозочен удар.

Во телото се случуваат метаболички процеси како да јадеме  многу шеќер со лажица и затоа треба да ја земеме предвид урамнотежената исхрана.

Напиши коментар