За незаборавни десерти не секогаш мора да ја вклучите рерната.

Овој десерт во чаша е многу лесен да се направи, а дополнителен вкус му дава малку ликер од вишњи, домашниот е најдобар.
Состојки:
180 гр ориз
6 дл млеко
80 гр чоколадо за готвење
2 лажици маргарин
60 гр шеќер
4 лажици слатка павлака
прстофат цимет
2 дл павлака за шлаг
компот од вишњи
лажичка ликер од вишњи
Подготовка:
Оризот прелијте го со млеко и загревајте се додека не зоврие, а потоа намалете ја температурата и варете уште 20 минути со често мешање.
Додадете го чоколадото, путерот и шеќерот и варете уште две до три минути. Тргнете го садот од оган.
Додадете ја павлаката и циметот и оставете го покриен садот неколку минути.
Распоредете го оризот во чаши и ставете го во фрижидер. Кога добро ќе се излади, изматете шлаг.
Додадете му шлаг на чоколадниот ориз и прелијте го со компот од вишњи во кој имате додадено малку ликер.
