Новости

СПЕКТАКЛ: Соблекување на црвениот тепих!

Пејачката ги воодушеви присутните со настапот.

Оваа година, Lady Gaga се најде во улогата на водителка на настанот Met Gala, добротворна вечера која се одржува во првиот понеделник во мај секоја година, а е организирана од Metropolitan Museum of Art Costume Institute.

За време на нејзината водителска програма таа се соблече дури четири пати, па публиката можеше да ја види во широк балски розов фустан од самиот почеток, па црниот балон фустан, а потоа и розов тесен фустан, со цел на крајот конечно да „се ослободи“ и да се соблече во долна облека, мрежести чорапи и кратки чизми со платформа.

Секоја од креациите беше проследена со карактеристични за неа, „кич“ модни детали, како што се долгите црно – бели вештачки трепки, огромни очила за сонце со циркони и “old fashion” телефон во раката.

Ниту овој пат таа не ги остави рамнодушни присутните!

Напиши коментар