Bridal

Спојте го неспоивото: Декорација со црвени тонови

Ако не сакате една боја да доминира во вашата свадбена декорација, тогаш можете да комбинирате две бои кои можеби не одат една со друга на прв поглед.

Погледнете како може да изгледа декорацијата со бои кои никогаш не би ги споиле!

Кога младенците одбираат декорација, прво треба да одберат со кои бои ќе биде декорацијата. Направете отстапка од класичната декорација која нужно вклучува бела боја.

Ние се согласуваме, белата боја оди со сè, но бидермаерот, декорацијата во ресторанот или портата на невестата можат да изгледаат многу интересно во силни бои, кои на прв поглед се слични, но сепак различни. З

а вас издвоивме три начини на декорација во копи доминира црвената боја со уште една боја.

  1. Црвена и розева

Иако, можеби никогаш не би облекле модна комбинација во црвена и розева боја, оваа мешавина од некомпатибилни бои може да изгледа навистина совршено.

Црвените ливчиња од роза измешани со нежно розевата боја, ќе ја направат просторијата каде што ќе ја правите свадба волшебна. Сè ќе мириса на љубов, бидејќи црвената, сепак е, бојата на љубовта, а розевата боја е, секако, создадена од црвена боја.

Се разбира, не треба да се претерува секој детаљ да биде во знакот на овие две бои. Цвеќето нека ви биде во овие бои или оние мали детали и украси што ќе се најдат на масите.

  1. Црвена и портокалова

Секогаш кога ќе погледнеме во предмет со црвена и портокалова боја, постои разлика и е очигледна.

Меѓутоа, ако направите бидермаер со овие две бои, ќе забележевте колку овие две бои се слични, како да се претопуваат една во друга.

Портокаловата боја ќе внесе ведрина и ќе ја направи едноставната црвена декорација поразлична и посебна.

  1. Црвена и виолетова

Обично велиме за некои работи да дојдат до израз, добро е да се направи контраст. Меѓутоа, навистина можете да експериментирате со црвената боја, бидејќи скоро секоја боја ќе оди со бојата на љубовта.

Токму таков пример е виолетовата.

Иако навидум декорацијата ќе изгледа темна, виолетовата боја ќе ги направи црвените детали поелегантни и раскошни.

Напиши коментар