Откако ќе ја стилизирате косата, едноставно испрскајте мала количина на лак за коса на четка за заби и нежно измазнете ги непослушните влакна, советува британскиот фризер Patrick Wilson
Познатиот британски фризер Patrick Wilson, кој работи со многу ѕвезди како Cindy Crawford и Kendall Jenner, откри зошто тој секогаш во фризерскиот прибор има четка за заби.
Тој вели дека четката за заби е одлично помагало за измазнување на непослушната коса и врвови.
– Таа е совршена алатка за усовршување на убавината на вашиот изглед, за беспрекорна завршна обработка. Понекогаш наједноставните трикови се најдобри кога станува збор за постигнување на изглед како на црвениот тепих – рече тој.
– Откако ќе ја стилизирате косата, едноставно испрскајте мала количина на лак на четката за заби и нежно измазнете ги неправилностите на косата – ја објасни постапката и препорачува инвестирање во четка со подобар квалитет, а не класична со која што повеќето луѓе ги мијат забите.
Тој ја демонстрирал оваа техника за време на фестивалот за убавина, Гламур во Лондон во 2019 година, на негова блиска пријателка и постојан клиент, пејачката Моли Кинг, која му беше модел во таа пригода.
„Кога Моли се појавува на телевизија или на црвениот тепих, мора да се осигураме дека нејзината коса ќе издржи добро“- рече тој.