Состојки
- 1 л млеко
- 1/2 чаша ориз со кратко зрно
- 1/4 чаша шеќер
- По желба, Линолада, Нутела, цимет, Matcha прав, боровинки и друго овошје
Подготовка
– Ставете го млекото во огноотпорен сад со капак – или сличен сад, но со капак. Додадете ориз, измешајте, покријте и оставете да се готви-пече во рерната, еден час на 180 степени.
– По еден час, извадете го од рерната, тргнете го капакот, додадете шеќер, измешајте и оставете го на страна покриен за да се излади и да стане густ. Кога ќе се излади, ако сакате можете да го поделите во неколку десертни чаши и да ставите додатоци по ваша желба, или да го оставите бел.
– Ние го поделивме на 4 дела, во еден додадовме една лажица Matcha прав и бела Линолада, во втората, 1/4 чаша изрендани боровинки, во третата, лажица Нутела, а последната остана бела. Ставивме сè во редови во чашите, одозгора ставивме цимет и декориравме со овошје.