Motherhood

Таа го купила телефонот за својот син, но поставила одлични правила

Не е лесно да се одлучи кога е време да му купите мобилен телефон на детето. Оваа мајка му купи на синот, но направи листа на специфични правила кои мора да ги почитува и му даде договор што тој мораше да го потпише.

Мел Вотсон одлучи на 12-годишниот син да му купи мобилен телефон, но, исто така, да превземе некои мерки за да се осигура дека ќе го користи на здрав и безбеден начин. Поради тоа таа направи договор во кој напиша 17 правила кои нејзиниот син мора да ги почитува ако сака да го користи телефонот.

„Да бидам искрена, мислам дека на младите тинејџери не треба да им се дава мобилен телефон од кој имаат пристап до социјалните мрежи, но јас сакав да бидам родител кој нема да го дозволи тоа”, рече Мел за дилемата со која денес се соочуваат речиси сите родители.

„Пораснав со родители кои не ми дозволуваа да имам телефон и тоа е причината поради која јас се чувствував малку изолирано, а тоа не е баш убаво чувство.“

Еве ги правилата што ги поставила за него:

  • Ако го скршиш или изгубиш телефонот, ќе мора да платиш за поправка или да купиш нов. Овој телефон го обезбедивме со заштитно стакло и маска.
  • Секогаш одговарај на повиците на твоите родители. Ако не можеш да се јавиш, прати ни порака или јави се што побрзо. Ако не се јавиш, ќе почнеме да те бараме.
  • Кога ќе ја надминеш твојата месечна сметка, нема да можеш да ја надополниш до следниот месец. Имаш апликација каде што можеш да видиш колку уште имаш на располагање.
  • Мобилниот телефон не се користи во собата.
  • Мобилниот телефон ќе им го дадеш на родителите пред да одиш на спиење.
  • Нема праќање на пораки пред 7:30, некои луѓе спијат – чудно, нели?
  • Следи ги училишните правила во врска со употребата на мобилни телефони.
  • Не сликај луѓе кои не се свесни за тоа, а тоа вклучува и странци. Ова особено важи ако некој те праша да го сликаш.
  • Не ставајте ништо на твоите социјални мрежи за себе и за своите сестри што нема да им се допадне на твојата мајка или баба.
  • Не „тролувај“ луѓе на социјалните мрежи – не му го пишувај на никој она што не сакаш да му го кажеш во лице, или ќе ти бидат затворени профилите.
  • Лозинките за сите профили секогаш треба да ни бидат достапни, што и да помислиш. Ако ја смениш лозинката без наше знаење, ние ќе го конфискуваме телефонот и ќе ги затвориме твоите профили.
  • Ако намерно избришеш или сокриеш нешто на телефонот, социјални мрежи или е-поштата, ќе ти ги затвориме сите сметки.
  • Запомни што зборуваш или пишуваш. Може да се случи кога ќе напишете нешто да изгледа сосема поинаку од она што го мислиш.
  • Она што го објавуваш на социјалните мрежи засекогаш останува таму и секој може да го види.
  • Ако некој те вознемирува, покажи ни. Не криј.
  • Разбери дека да имаш свој телефон и SIM картичка е голема привилегија – ова не е нешто што ти е неопходно.
  • Секаков вид на насилство или проблеми што ќе не наведат да изгубиме доверба во тебе ќе резултираат со одземање на телефонот.

Во овој договор, мајката, исто така, изјави дека правилата ќе се променат кога момчето ќе наполни 15 години.

Во меѓувреме, таа ги сподели овие правила на нејзиниот Фејсбук и ги воодушеви останатите родители, кои ја фалеа нејзината идеја.

Напиши коментар