Новости

Таа не заработила ниту „денар“, а е милионерка!

Дали ја гледате сличноста?

Таа имала само дваесет месеци кога нејзиниот татко, фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн, извршил самоубиство.

Растејќи во очите на јавноста, проблеми со нејзината мајка Кортни Лав, проблеми со зависноста и нејзиниот поранешен сопруг сега се минато за оваа млада пејачка на почетокот на нејзината кариера.

Френсис Бин Кобејн (26) откри дека луѓето што ќе ги слушнат нејзините песни велат дека потсетува на нејзиниот татко.

„Иако јас мислам да правам се поинаку, мило ми е што луѓето ме споредуваат со него. Не е лошо да те споредат со некој кој оставил таков траг“, изјави пејачката, која благодарение на наследството на нејзиниот татко, на банкарската сметка има околу 100 милиони долари!

Со 22 години се омажила за гитаристот и пејач Isaiah Silva, но по две години, се развеле, а се се заврши така што судот и наложи на Френсис да плаќа алиментација, како и да му даде една од гитарите на Курт, кој музичарот ја побарал.

„Сфатив дека износот на пари што го поседуваш, не треба да значи дека ќе водиш квалитетен живот. Одговорно се однесувам кон наследството, бидејќи не сум заработила ниту денар од овие пари, ниту сум ги заслужила. Има луѓе кои управуваат со наследството, одам на состаноци со нив, се обидувам да ја разберам важноста на сè што поседувам“, откри младата пејачка.

Слушнете ја Френсис:

Напиши коментар