Убавина

ТАЈНАТА НА СОВРШЕНАТА ФРИЗУРА: Изберете ја бојата на косата според обликот на вашето лице

Природната боја на косата одамна е надвор од мода, освен ако немате некоја многу интересна нијанса. Еве неколку совети за тоа како да ја изберете најдобрата боја на косата според формата на лицето.

Бојата на коса одамна влезе во категоријата на селекција, толку многу што голем дел од жените веќе не се сеќаваат на нивната природна боја на коса.

Сепак, при изборот на нова боја на коса, добро е да се знае која боја најдобро одговара на формата на лицето.

Така, лицето со форма на срце ќе биде најизразено со русата боја на косата, а со оваа форма добро стојат и кафеавата, светло-црвена и портокалова боја на коса.

Тркалезно лице бара шишки, а покрај тоа најдобро е да се искомбинираат со прамени и тоа посветли на шишките и горниот дел од лицето, а остатокот на косата треба да биде за неколку нијанси потемна.

Квадратното лице обично изгледа широко, па фризерите сугерираат потемни нијанси на кафеава и црвена боја, како и црна боја на коса.

Доколку сакате прамени, со оваа форма на лицето најдобро одат потемни прамени покрај челото и рабовите на лицето.

За крај, за овалната форма на лицето треба да се избегнува комбинацијата со прамени, бидејќи тие дополнително ќе го издолжат лицето визуелно, а не се вклопуваат и потемни нијанси на бои, па за оваа форма на лице најдобро е да се земат средни нијанси на руса, црвена, кафеава или костен.

Напиши коментар