Кратката коса е апсолутен хит оваа сезона.
Слушајте ги советите на светски реномирани фризери и откријте дали ја имате вистинската форма на лице за оваа фризура…
Ако не сте сигурни која е вистинската должина на коса која одговара на вашата форма на лице, нема потреба да се консултирате со фризер или да трошите време во истражување на интернет.
Се што ви треба е линијар, молив и тајното правило „5,5 сантиметри“.
Жил Робинсон, фризер од салонот „Џон Фрида“ во Англија, вели: „Целата тајна лежи во аглите. Креаторот на правилата е Џон Фрида, а правилото стана трик што го применуваат фризерите од целиот свет за да ви ја обликуваат косата според формата на вашето лице“.
Џон го проучувал обликот на лицето и заклучил дека линијата на долната вилица може да одреди дали подобро би ви одговарала долга или кратка коса.
Па, да почнеме!
Земете молив и линијар. Ставете го моливот хоризонтално под брадата, а линијарот вертикално зад увото.
Погледни ја бројката на линијарот и ако бројот е помал од 5,5 сантиметри треба да носите кратка коса како Хали Бери и Одри Хепберн.
Ако бројот надминува 5,5 сантиметри, држете се до долгата коса.
Многу познати личности ја смениле фризурата поради резултатите од овој мал тест: Кејти Холмс и Ема Стоун се само некои од нив.
Дали вашиот резултат е помал од 5,5 сантиметри? Ако одговорот е да – закажете термин кај фризерот!
