Bridal

Ташничка на спасот

„Се погриживте за се и за секого на венчавката. Помислете уште на себе и земете ја ташничката со работи кои би можеле да ви бидат од корист во случај на итност или непредвидена ситуација“.

Планирањето свадба е многу стресен процес во кој секоја ситница живот значи. По сите избори и со сета помош сигурно не сте помислиле што и како ќе се случува на големиот ден. Затоа сме тука да ви помогнеме.

На денот на вашата венчавка, треба да имате ташна со работи кои би можеле да ви се најдат во случај на итност или непредвидена ситуација.

За таквите моменти, многу невести, по нивното искуство, ги советуваа своите пријателки и приказната започна да се шири.

Лошите бесмислени ситуации и работи, по таквите приказни, добија дополнителна тежина, а невестите не сакаа да и  препуштат ништо на случајноста.

Всушност, во таа ташничка на спасот треба да имате:

  • нов пар на хулахопки со иста боја како тие што ги имате на себе на денот на свадбата
  • огледалце
  • мал прибор за шиење (игла и конец)
  • лак за нокти (не за лакирање, иако може да се користи и за тоа, но првенствено во случај на пукање на хулахопките)
  • лак за коса (може и шише тестер или мини патно пакување, кое може да се најде во поголемите продавници)
  • пакетче влажни марамчиња
  • обични марамчиња
  • кармин (тестерот ќе биде повеќе од доволен)
  • мастика или тик-так (само онолку колку да имате свеж здив)
  • аспирин и андол
  • пудра и/или коректор
  • ножички
  • 2 до 3 фластери
  • безопасни ( за фустанот, велот и многу други незамисливи ситуации)
  • шноли (секогаш го спасуваат денот и фризурата)
  • тампон (никогаш не се знае)

Многу жени во нивните ташни секогаш носат една таква дополнителна ташничка, бидејќи никогаш не се знае дали ќе ви притребаат некои од горенаведените работи што можат да ја намалат вашата нервоза на важните настани во животот.

Ако имате премногу работи во вашата ташничка, замолете некој кој ви е од доверба да ги има овие работи при рака во својата или посебна ташничка – и да ви бидат достапни ако и кога ќе ви притребаат.

Напиши коментар