Каква пудра да изберете ако имате кожа која брзо се мрси?
Нанесовте пудра и излеговте од дома со совршена кожа за да се погледнете во огледалото по неколку часа и сфатите дека пудрата е целосно стопена?
Не грижете се, сите жени кои имаат кожа која брзо се мрси се соочуваат со овој проблем, но со правилна нега и чистење на вашето лице и изборот на пудра создадена за мрсна кожа, лесно ќе го решите овој проблем.
Поголемиот дел од пудрите се на база на масло и ова е главната причина зошто тие не функционираат најдобро на мрсна кожа, но за среќа постојат пудри на база на вода, кои се како создадени за кожа која брзо се мрси.
Овие лесни и проѕирни формули покриваат исто како маслените формули, но на вашата кожа и даваат мазен и матиран изглед без никаков незгоден сјај, а подолу ќе ви го довериме изборот на топ 10 од моменталната понуда на брендовите што ги обожаваме.