Мода

Тексас јакни – безвременски моден класик

Бидејќи пролетта не е толку далеку, повеќето од нас уште сега и се радуваат.

Пред сé, фактот дека наскоро ќе ги спакуваме дебелите, зимски јакни и тешки палта е многу привлечен.

И оваа сезона, со првите зраци на сонцето, јакната од тексас ќе биде најактуелното парче, кое стилски ја истакнува скоро секоја модна комбинација.

Популарноста на тексас јакните расте од година во година, а причината за ова е дека тие можат да се комбинираат со апсолутно секое модно парче од нашиот гардеробер.

Се разбира, со оглед на тоа дека трендовите се менуваат од сезона во сезона, и овој моден класик, исто така, доживува различни трансформации, во однос на моделите, кроевите, па дури и нијансите на тексас.

Во моментот, можете да најдете модел за секого, без разлика дали се работи за  over size јакни или романтични тексас јакнички со карнери и монистри.

Ако не можете да го почекате сонцето, тексас јакните можете совршено да ги комбинирате и под вашите over size капути, а се одличен избор и во комбинација со популарните hoodie дуксери.

Напиши коментар