Децата кои гледаат дневно телевизија повеќе од два часа имаат поголема шанса да станат дебели возрасни лица.
Истражувањето спроведено на повеќе од 10 илјади луѓе укажува на поврзаноста помеѓу дебелината и телевизијата.
Набљудувањето на децата започна во 1970 година и траеше повеќе од триесет години. Беше заклучено дека неактивноста на децата до пет години доведува до поизразено зголемување на телесната тежина на возраст од 30 години.
Др. Расел Винер, (Лондон) водач на истражувањето предупредува дека проблемот е веројатно уште поизразен денес. Децата денес гледаат телевизија повеќе отколку во 70-тите, а родителите треба да се предупредат навреме.
„Борбата со килограмите треба да се започне многу порано пред тие да се појават. Нашите истражувања покажаа дека треба да се ограничи телевизијата во градинките, но исто така и да се предупредат родителите, бидејќи за време на викендите децата се под надзор исклучиво на родителите“, истакна д-р Расел.