Иако се чини дека не постои поедноставна beauty обврски од лакирањето на ноктите, тоа честопати може да биде многу тешко, затоа што понекогаш ноктите дури и по многу вложен напор не изгледаат беспрекорно.
Со цел да имате убав и уреден маникир што е можно подолго, во нивното лакирање обидете се да ги избегнете овие типични грешки што често ги правиме кога го нанесуваме лакот.
Не обрнувате доволно внимание на чистотата на ноктите
Пред да се налакират ноктите, тие треба да бидат целосно исчистени од нечистотијата што може да се акумулира во текот на денот.
Ако забележите дека некаде не сте го отстраниле убаво лакот, уште еднаш поминете го ноктот со ацетон за вашите нокти да бидат совршено чисти пред лакирањето.
Важно е по нанесувањето на ацетон, или миењето на рацете, да почекате да се исушат ноктите, за лакот да биде мазен кога ќе се нанесе.
Не користите базен лак ниту top coat
Базниот лак, би требало да биде вториот чекор во уредувањето на вашите нокти, бидејќи гарантира подолга издржливост на лакот. Откако ќе ги налакирате ноктите, не заборавајте да го ставите слојот од top coat-от, за ноктите побрзо да ви се исушат, а бојата да ви биде потрајна и поубава.
Не обрнувате внимание на одржувањето на ноктите
Добро е од време на време да ставите лак со витамини, кои влијаат на подобриот квалитет на нашите нокти, исто така, важно е да ја негувате кожата околу ноктите и редовно да ги средувате кутикулите, за вашиот маникир секогаш да изгледа беспрекорно.