← НАЗАД НА БОЗА

Тиропита: Грчка пита со сирење

Тиропита: Грчка пита со сирење
179 Читања

Се прави лесно и е многу вкусна!

Еве како да направите пита со сирење според грчки рецепт или тиропита, како што ја нарекуваат Грците.

Состојки:

450 грама фета сирење

Три јајца

Малку маслиново масло

Лажичка бибер

Готови кори

Подготовка:

Скршете ги јајцата во сад и додадете бибер, а потоа изматете со жица. Додадете малку маслиново масло (околу две лажички), па продолжете со мешање.

Во садот полека додадете го фета сирењето што ќе го издробите со рацете, па добро измешајте се и додадете малку маслиново масло.

Подмачкајте ја тепсијата, ставете кора врз неа и премачкајте ја со масло. Така наредете пет кори, кои ќе ги премачкувате со масло, а потоа истурете ја мешавината со фета сирење одозгора и распоредете ја.

Одозгора ставете пет кори, што повторно ќе ги премачкувате со масло измеѓу.

На крајот, нежно свиткајте ги рабовите на корите нагоре, така што филот ќе остане внатре.

Одозгора премачкајте со маслиново масло и печете на 180 степени околу 45 минути до еден час или додека питата не стане крцкава и не добие златно-кафеава боја.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk