Новости

ТОЈ е новото момче?

Преубавата оскаровка, наводно, е во врска со пејачот на романтични хитови!

Прекрасната Шарлиз Терон, наводно, најде ново момче, а тоа е пејачот Сил(Seal)!

Американските медиуми објавија дека Сил (56) и Шарлиз (43) се запознале во хотел во Њујорк, каде што двајцата биле гости, и дека искрите веднаш се разгореа.

Сил во 2012 година се раздели од моделот Хајди Клум, со кого доби четири деца, а неодамна Шарлиз со „тешко срце“ призна дека нема дечко.

Неодамна, медиумите ја поврзуваа со Бред Пит, но во меѓувреме таа тоа го негираше.

Неодамна јавноста реагираше агресивно кога Шарлиз, мајката на две посвоени деца, објави дека синот Џексон го воспитува како девојче, бидејќи тој со три години „се изјаснил како девојче“.

Хајди Клум беше бремена со милијардерот Флавио Бријаторе, но тој ја напушти, па започна врска со Сил и го смета за татко на ќерката Лени, која е биолошко дете на Бријаторе. Хајди го роди Хенри (14), Јохан (13) и ќерка Лу (10).

https://www.instagram.com/p/BbhZh-ADPLB/?utm_source=ig_embed

Напиши коментар