Дестинации

Топ 20 Instagram дестинации

Ако сакате да патувате и да се сликате, ова се градовите за вас!

Објавена е топ листата на туристички дестинации, од каде што корисниците на социјалните мрежи ги поставуваат најмногу своите слики.

Листата беше составена од порталот “Hoppa” врз основа на фотографии на корисници обележани со хаштагови за патувањата и имињата на градовите.

Првиот пат кога беше направена оваа листа, Њујорк беше апсолутен победник, а Лондон беше на второто место.

Сега британскиот главен град е на прво место, со речиси 120 милиони фотографии поставени во годината зад нас.

На второто место е Париз, потоа следат Њујорк, Дубаи, Истанбул, Џакарта и Лос Анџелес. Осма е Барселона, по што следат Москва и Токио.

Еве ја целата листа:

  1. Лондон
  2. Париз
  3. Њујорк
  4. Дубаи
  5. Истанбул
  6. Џакарта
  7. Лос Анџелес
  8. Барселона
  9. Москва
  10. Токио
  11. Берлин
  12. Торонто
  13. Лас Вегас
  14. Сингапур
  15. Хонг Конг
  16. Амстердам
  17. Сиднеј
  18. Мелбурн
  19. Сан Франциско
  20. Абу Даби

Овој портал има направено посебна листа на градови од кои луѓето објавуваат селфија, наспроти „обичните“ туристички фотографии. Берлин е на првото место на листата.

Топ 10 „селфи“ градови:

  1. Берлин
  2. Шангај
  3. Сеул
  4. Џакарта
  5. Каракас
  6. Осака
  7. Лондон
  8. Москва
  9. Сан Франциско
  10. Торонто

Напиши коментар