← НАЗАД НА БОЗА

Топол смути од јаболки со цимет

Топол смути од јаболки со цимет
58 Читања

Вкусни овошни пијалоци обично се пијат во текот на летото.

Меѓутоа, кога утрото е темно и ладно, покрај кафето или зелениот чај, ни треба пијалок што нè исполнува со енергија, а магијата на мирисот ги поттикнува сите наши сетила.

Ви претставуваме рецепт за вкусно смути од јаболки со цимет, кое исто така може да се нарече течна пита од јаболко.

За две чаши ни требаат:

2 јаболки (излупени и исчистени), 1/2 чаша кокосово млеко, 1/2 чаша оризово млеко, 1/2 лажичка екстракт од ванила, 2 урми, 1 лажичка цимет, 1/4 лажичка мускатно оревче.

Подготовка:

Сите состојки се ставаат во електричен миксер и се мати додека не се добие мазна и хомогена течност. Истурете го во сад и загрејте го на средна температура, но не дозволувајте пијалокот да проврие.

Ставете го во вашата омилена чаша и уживајте во топлиот и вкусен пијалок кој ќе ве загрее и ќе ви ја даде потребната енергија.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk