← НАЗАД НА БОЗА

Тренд радар: Наметката во главна улога

Тренд радар: Наметката во главна улога
165 Читања

Ве информираме за палтото на сезоната, дело на Max Mara, но тука не е само календарот, туку трендовите се менуваат и имаме сосема нова ѕвезда во светот на врвната мода.

Како да е излезена од филм на Disney, наметката е сосема нов херој на модната сцена.

Пресретнете ја со топлина затоа што таа ќе ве заштити од студот и ќе ве претвори во хероина на вашата модна авантура во зимските денови.

Изберете дали да биде во топли или ладни бои, еднобојна или во повеќе бои, или да биде карирана, на пруги или со монограм како на вашата омилена марка Fendi. И носете го без штедење, каде и кога ќе посакате.

Со широко твид мини здолниште или прилепено до телото, погодно за сезоната, а и еластични панталони. Тексас во сите негови форми и модели исто така е повеќе од добредојден во друштвото на наметката.

Нејзината должина зависи целосно од пропорциите на вашето тело, како и од вашите лични преференции. Модните брендови се осигураа да имате избор од многу кратки варијации до многу долги модели кои ќе достигнат до вашиот глужд.

Носете ја смело и со патики, и со стилски чизми на стабилна потпетица. Додадете му малку боја на на вашиот изглед со шармантна беретка или соодветна ташна.

Не веруваме дека постои друго парче облека што толку лесно не доближува до супер хероите од стриповите и големиот екран.

Но, тоа навистина нè инспирира да експериментираме, да испробаме нешто поинакво и да се забавуваме во модната област!

Направете си место во гардероберот за барем една наметка и уживајте во стилската приказна со неа!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk