Овој тренд почнува да преовладува на улиците на светските модни метрополи …
Ако сте го пропуштиле, во светот на боите, една се издвои за сезоната пролет-лето.
Станува збор за стилската, софистицирана и некако класична БЕЖ боја.
Од друга страна, во сферата на стилизација, доминира трендот – еден тоналитет.
Со други зборови, ако одберете беж, тогаш од глава до пети би требало да носите парчиња кои се во нијанси на оваа боја, но ако вашиот избор е друга боја, тогаш треба да го следите истото правило: сите нијанси на таа боја.