← НАЗАД НА БОЗА

Трепките во преден план: Сите нека гледаат само во вас

Трепките во преден план: Сите нека гледаат само во вас
144 Читања

Дизајниран за храбри жени со фин вкус, виолетови, сини, сребрени или жолти трепки, ќе го разиграат и најнеутралниот make-up и на малку невообичаен начин ќе ви го “отворат” погледот.

Недостатокот на бои во природата во зима го „компензираат“ make-up палетите, чии нијанси се светли и блескави. Но, оваа сезона, тоа се шарените – трепки.

Ревиите на светските модни недели создадоа тренд кој најпрво се поврзува со летото – маскари во боја.

Дизајнирани за храбра жена со истенчен вкус, ќе ја разиграат и многу „едноставната“ шминка и ќе го отворат погледот на малку поинаков начин, што може да се види на пистата на Dries van Noten.

 

Можат да се користат сите бои од спектарот на виножитото, нагласени со ефективни надлакови во златна или сребрена боја – давајќи кул металик отсјај што ги прави идеални за специјални пригоди.

Дозата на откаченост е сосема прифатлива за празниците, а неизбежниот додаток на новогодишната забава се и шарените трепки. Кои, се разбира, треба внимателно да се негуваат за да изгледаат добро.

GUERLAIN Gold Light металик финиш за трепки, веѓи и коса

YVES SAINT LAURENT Vinyl Couture Pink маскара за латекс сјај

ARTDECO All in One 5 маскара со карнауба восок за нега

URBAN DECAY Double Team Deep End маскара во боја со металик надлак

LANCOME Big Color Lash Green надлак маскара во боја

Пазарот, дури и за жените на кои негата на трепките не им се наоѓа на листата на приоритети, им нуди решение – иновативни формули кои истовремено трепките ги украсуваат и хранат.

Витамин Б7, рицинусово масло и кератин, протеин кој што влакната природно ги содржат, но се губат со текот на времето, се се почести состојки на новите маскари.

Тие го стимулираат растот на трепките и ги прават еластични и цврсти, а во исто време ги виткаат и им даваат густина.

JANE IREDALE Longest Lash маскара со екстракт од алги за регенерација

Новитети се оние трепки кои се поврзуваат со помош на магнет – за целото око или за само половина.

Тие содржат мали магнети кои се поврзуваат со природни трепки, но нема место за грижа – нивната апликација не боли, изгледаат многу ефикасно, изненадувачки се издржливи и создадени за користење повеќе пати.

ARDELL Magnetic Lashes Double Wispies магнетни трепки за цело око

ESSENCE Magnetic Lashes Natural магнетни трепки за пола око

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk