Двособниот стан е вистинско мало царство за млад брачен пар, а ние ви претставуваме три одлични проекти во кои имаме модерен дизајн …
Креативноста и оригиналноста се главните карактеристики на младите архитекти Лоренс Диксон и Ришаба Кушаха, чии решенија ви ги презентираме.
Функционалноста се подрзабира, а во богатството на просторот кој што е идеален за млад пар, најинтересни се решенијата за комбинации на дневна соба, трпезарија и кујна.
Оваа дневна зона, кобинирана според најсовремените принципи, нуди варијанти во кои кујната е пространа и веднаш до влезната врата, што е погодно за паровите кои уживаат во готвењето и често прават кулинарски забави за пријателите, но исто така и комбинација со мини кујна, која се наоѓа на помалку забележливо место…
Плановите, се разбира, зборуваат многу повеќе од зборови, затоа предлагаме да ги разгледате нашите предлози и да најдете идеи кои ќе ви помогнат во уредувањето.