← НАЗАД НА БОЗА

Трикови за подобар попладневен сон: За бебето е важен колку и ноќниот…

Трикови за подобар попладневен сон: За бебето е важен колку и ноќниот…
76 Читања

Прилагодете го распоредот на ритамот на вашето дете.

Истражувањата покажуваат дека децата кои спијат во текот на денот имаат помала веројатност да се разболат, растат повисоки и постои помала веројатност дека ќе бидат дебели кога ќе пораснат.

Спиењето во текот на денот трае неколку часа или помалку, но може да влијае на целиот ден на детето.

Дневниот сон може да го подобри расположението, да ја намали нервозата, плачењето и гневот.

Истражувањата покажуваат дека децата кои спијат во текот на денот имаат помала веројатност да се разболат, растат повисоки и постои помала веројатност дека ќе бидат дебели кога ќе пораснат.

Исто така го подобрува развојот на мозокот и концентрацијата.

Спиењето во текот на денот може да го надомести пропуштениот ноќен сон. Дури и еден час помалку ноќно спиење може негативно да влијае на развојот на детето и неговиот мозок и да го зголеми заморот и нервозата.

За жал, постојат десетина причини зошто детето не сака да заспие.

Само кога ќе ги разберете причините може да направите план за надминување на отпорот.

Елизабет Пантли, експерт за родителство и мајка на четири деца, нуди неколку причини зошто детето не сака да заспие и предлози за решавање на овие проблеми:

– Детето го прераснало дотогашниот распоред за спиење – Размислете за промените во животот, растот и развојот на детето. Дали тоа научило да ползи, почнало со дохранување или тргнало во градинка? Секоја промена може да влијае на причините за неспиење. Внимавајте на детето и следете ги знаците на замор и прилагодете го распоредот.

– Распоред за спиење не се совпаѓа со биолошкиот часовник на детето – време за спиење, време на оброк, изложеност на дневна светлина и сите активности можат да влијаат врз биолошкиот часовник на детето. Несоодветното подредување на работите (активности, играње пред спиење) може да има лош ефект врз ритамот.

– Неконзистентен распоред за спиење – Во текот на неделата времето на спиење и будење е специфично, но викендите стануваат порелаксирани. Други недоследности исто така можат да влијаат врз спиењето, на пример, ако детето во градинката спие во поразлично време отколку дома. Направете распоред и обидете се да се држите до него со најголеми отстапки од половина час.

– Детето е премногу уморно пред спиење. Ако ги пропуштите знаците за замор и времето кога детето треба да заспие, сè може да се претвори во плачење, нервоза и гнев. Споредете го утринско однесување кога детето е одморено со она по вечерата и научете да ги препознаете знаците на замор. Целта е да се остави детето да се одмори попладне веднаш штом ги покаже првите знаци на замор.

– Потпирање на специфични услови – Детето кое е навикнато да заспие на еден начин е тешко да се прилагоди на други услови. Избегнувајте шишиња, релаксатори и слично.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk