Генијални трикови со помош на кои вашата коса ќе биде чиста цела недела!
Сигурно неколку пати ви се случило да го прескокнете редовниот ден за миење на косата и одеднаш, вашата коса е толку валкана што не може ништо да и помогне освен топла вода и шампон.
Но, што ако ви кажеме дека постојат неколку едноставни начини кои ќе ви овозможат поретко да ја миете косата?
Пред да се удавите во шампон за суво миење, прочитај го овој текст.
Првиот совет е природно сушење на косата, користејќи алати за стилизирање само во специјални прилики.
Но, кога станува збор за трикови – за што точно се работи?
Со фен исушете го коренот на косата
Кога ќе ја измиете косата, нека се исуши природно, колку и да е воможно, но исушете го коренот на косата со фен за коса.
Ова ќе ви даде коса која помалку се мрси и има волумен.
Користете капа за туширање
Кога се туширате, задолжително користете капа за туширање, бидејќи само така ќе успеете да го спречите создавањето на хаотична фризура предизвикана од влажноста.
Шампон за суво миење на косата пред спиење
Се разбира, сувиот шампон е едно од решенијата. Сепак, тој ќе блесне со сета своја светлина кога ќе се нанесе пред спиење.
Ќе се разбудите со коса полна со волумен!
Исто така, обидете се што е можно помалку да ја допирате вашата коса со прстите, бидејќи така уште повеќе ќе ја измрсите.
