← НАЗАД НА БОЗА

Уникатни бои во ентериерот: 10 шарени софи за дневната соба

Уникатни бои во ентериерот: 10 шарени софи за дневната соба
132 Читања

Заборавете на неутралните бои, барем кога е во прашање дневната соба, и освежете ја просторијата со една од актуелните бои што ги препорачуваат дизајнерите.

Белите софи брзо се валкаат, додека црните веќе се прилично класични, со светли ѕидови сивиот мебел изгледа премногу студено.

Ако се прашувате која боја да ја одберете за вашата омилена дневна соба, Ви препорачуваме да го погледнете она што го најдовме за вас.

Ако ѕидовите во вашиот дом се во неутрална палета на бои, нема причина да не направите голем контраст и да изберете елементи во силни бои.

Бојата на малина, кралско сино, топло жолта или дури и комбинација од овие бои се само некои од предлозите кои дизајнерите ги воведоа.

Внимавајте ако ги одберете фотелјите или софата во силна боја, страничните елементи треба да се во посветла боја.

Погледнете ги 10-те софи со актуелни бои, па пронајдете ја омилената за својот дом.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk