← НАЗАД НА БОЗА

Уште едно бебе?!

Уште едно бебе?!
30 Читања

Познатиот пар, наводно, очекува четврто дете преку сурогат мајка.

Кардашијан-Џенер кланот се прошири за дури три наследници во текот на 2018. година, а се чини дека постои можност дека наскоро ќе бидат уште побројни.

Наводно Ким Кардашијан очекува четврто дете со сопругот Каније Вест преку сурогат мајка, една година откако тие ја добија ќерката Чикаго.

“Us Weekly” тврди дека од повеќе извори доби потврда дека парот oчекува момче “на почетокот на мај” оваа година.

Во август минатата година, истото списание напишало дека уште еден ембрион од машки пол бил замрзнат.

Ако овие тврдења се вистинити, ријалити ѕвездата и раперот нема да ги користат услугите на истата сурогат мајка, која ја родила Чикаго во јануари 2018. година, бидејќи жената само пред една недела го роди своето трето дете – што значи дека е невозможно да го носи и нивното.

Ким и Каније се родители на малата Норт (5), Сејнт (3) и Чикаго (1). Додека Ким ги родила Норт и Сејнт на природен начин, лекарите и советуваа да не остане повторно бремена, бидејќи нејзината плацента е премногу длабоку до ѕидот на матката и сите последователни бременост можат да бидат фатални.

Покрај Ким, минатата година, нејзините сестри Клои и Кајли, исто така родија деца.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk